123
Џанлуиџи Донарума ја отфрли можноста за трансфер и стави јасно до знаење дека сака да остане во Париз. Италијанскиот голман потврди дека негов приоритет е продолжување на соработката со Пари Сен Жермен.
„Мој приоритет е да останам во ПСЖ и да потпишам нов договор“, изјави Донарума за медиумите.
Тој додаде дека не очекува никакви проблеми во преговорите: „Не мислам дека ќе има какви било пречки или потешкотии“.
Донарума е прв голман на „светците“ и покрај неколкуте шпекулации за интерес од други клубови, очигледно е фокусиран на иднината во Париз.