Донарума: Сите ме обвинуваат мене, а последниот повик кој го имав од Милан беше дека тие купиле друг голман

by
1 минути читање

22-годишниот Донарума како слободен играч минатото лето направи трансфер од Милан во ПСЖ.

Милан долго време го молеше да го продолжи договорот, а откако Донарума постојано одбиваше да го направи тоа, клубот го договори ангажманот на Мањан.

Според Донарума, Милан е виновен за неговото заминување бидејќи не го чекале доволно.

Можам да кажам само благодарам за тоа што направи клубот за мене. Во Милан се развив и како човек и како фудбалер“, вели Донарума.

„Сите ме обвинуваат мене, без да размислат што се случи од другата страна. Последниот повик од Милан беше за да ми кажат дека тие потпишале со друг голман. Така заврши“.

„Мислам дека ПСЖ беше моја судбина. Тие со години ме следеа и секогаш сака да знаат дека се заинтересирани за мене. Сите во клубот направија да се чувствувам важен, од претседателот ал Келаифи до директорот Леонардо. Среќен сум и горд сум што сум тука“.

Донарума вели дека се уште комуницира со соиграчите од Милан и со Пиоли.

„Како фан на Милан, секој меч го следам со пасија. Често комуницирам со моите поранешни соиграчи, но и со Пиоли и среќен сум со тоа како се развиваат работите за нив. Се надевам дека ќе го изодат целиот пат. Среќен сум за Милан и фановите што го добија дербито со Интер“.

„Го следам Мајк Мањан внимателно, остава одлична импресија досега. Му честитам за тоа што го прави. Среќен сум за него и за одличната сезона на Милан“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×