1,3K
Џиџо Донарума ќе биде приоритетна трансфер цел на Интер во летниот преоден рок, пишуваат италијанските медиуми.
Наводно, Донарума сака да се врати во Италија, а сериозно заинтересиран за него е Интер.
Голманот немаше најдобра разделба со Милан и навивачите на овој клуб, па враќање во нивните редови не е опција.
Иако Зомер е одличен голман, Интер постојано се поврзува со некоја помлада опција, сега се верува дека целат кон Донарума.
Актуелниот договор на Донарума со ПСЖ е со трајност до јуни 2026 година, па доколку не се договорат за продолжување на соработката, голманот ќе биде продаден на лето со цел францускиот клуб да не го загуби беспари.