Голманот на
италијанската репрезентација и ПСЖ, Џанлуиџи Донарума доживеа непријатни сцени
на враќањето во Милано, каде претходно играше во Милан, а од каде без никакво
обештетување си замина во францускиот вицепрвак, потег што ги револтираше
фановите на „Росонерите“.
Освен
транспарентите со навредлива содржина низ Милано, Донарума доби и свирежи за
време на натпреварот со Шпанија од страна на навивачите на Милан, а гостувајќи
на италијанското тв шоу „Ле Лене“ доби тетоважа како шега за „примирје“ со
навивачите на Милан.
„Секогаш ќе имам
црвено-црно срце, 8 години не можат лесно да се заборават, жалам за реакциите
на навивачите на Милан“ рече Италијанецот.
Donnarumma was on Italian TV show @redazioneiene & said “I’ll always have a red and black heart. 8 years can’t be forgotten & I’m sorry about the reaction from the Milan fans”
They gave him a fake tattoo as a joke to make peace with Milan fans & asked if he’ll make it permanent pic.twitter.com/QlfjQZHjDR
— Italian Football TV (@IFTVofficial) October 12, 2021