Пари Сен Жермен го совлада Баерн Минхен и избори полуфинале на Светското клупско првенство, но триумфот на „светците“ го засени сериозната повреда на младиот Џамал Мусиала.
Мусиала е повреди пред крајот на првиот дел кога во битка за позиција на него налета Донарума кој со целата своја тежина падна на ногата на германскиот напаѓач.
Голманот на Баерн Минхен откри и дека разговарал со Донарума по средбата.
„Такви потези не смеат да се случуваат на ова ниво. Донарума свесно ризикуваше, иако знаеше дека може да го повреди Мусиала“, изјави Нојер.
„Му кажав: ‘Зарем не мислиш дека треба да му пријдеш и да одиш до него и да го прашаш како е? Барем да му посакаш брзо заздравување’. Почитта и фер-плејот се многу важни и сите треба да ги почитуваме“, нагласи Нојер, јасно испраќајќи порака дека човечноста мора да биде пред резултатот.