251
Наполи синоќа со 0-1 славеше на Сан Сиро, а завршницата од натпреварот беше прилично тензична. Домаќините бараа пенал за еден старт на Бакајоко врз Тео Ернандез, потоа левиот бек остро стартуваше врз Осимен за на крај Ребиќ да му дофрли нешто на судијата и да добие црвен картон.
По последниот свиреж, Џиџо Донарума ги загуби нервите и влезе во конфротација со клупата на Наполи.
Голманот на Милан дофрли „Вие сте обична банда“, зборовите беа наменети за тим менаџерот на „наполитанците“. Информациите велат дека тој го провоцирал Џиџо Донарума во текот на целиот меч.