128
Италијанскиот голман, Џиџо Донарума вели дека е навистина среќен со изборот за нов селектор на азурите, тој има голема почит за Гатузо.
Реакцијата на голманот за изборот за селектор е воодушевувачка, а се чини дека Гатузо е омилен и кај други фудбалери.
„Воодушевен сум. Веќе неколкупати разговарав со Гатузо. Тој навистина е мотивиран, исто како и ние. Се надевам дека заедно можеме да направиме големи работи. Многу сум среќен што тој е новиот селектор“, изјави Донарума.
Гатузо и Донарума соработуваа од 2017 до 2019 во Милан кога Рино беше тренер на росонерите.