Претседателот на
унијата на фудбалски агенти инсистира на тоа дека луѓето не треба да ги
обвинуваат претставниците на Џанлуиџи Донарума за тоа што си замина од Милан
без обештетување, односно потпиша за ПСЖ.
Милан одново
ризикува ново слично сценарио како со Донарума, овој пат со Франк Кеси, чиј
договор истекува на крајот од актуелната сезона, а Бепе Гали инсистира на тоа
дека за сево ова вината најмалку е кај агентите.
„Луѓето
коментираат како сево ова да е вина на агентите, но тоа не е точно“ вели Гали.
„Како за пример
ќе го наведам Удинезе, колку фудбалери си заминаа од тој клуб без обештетување?
Ниту еден. Доколку некој си замине, тоа е поради фактот што клубот одлучил да
не му понуди нов договор на фудбалерот“ додава тој во изјавата за „ЦН24“.
Гали како за
пример го наведе и случајот со ПСЖ и нивното одбивање да го продадат Килијан
Мбапе на Реал Мадрид.
„Имаше понуда за
еден познат фудбалер 180 милиони евра, а клубот се реши да не го продава, тој
ќе може да си замине без обештетување, дали тоа е вина на клубот, или агентот?“
запраша тој.
„Најдоброто во
денешниот фудбал е да имате договор на подолг рок, а да не си заминете во доцен период, Милан не ги прифати барањата на Мино Рајола за Донарума, а потоа тој си
замина од клубот, истото се случи и со Чалханоглу, тоа е најмалку вина на
клубот“ порача Гали.