Интер би го
побарал на позајмица фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Дони ван
де Бек доколку Кристијан Ериксен не би можел да продолжи со својата кариера во
Серија А по операцијата на срцето.
На Данецот му беше
вграден дефибрилатор, апарат кој се вградува под кожата на пациенти кои имаат
проблеми со срцето, откако фудбалерот колабираше на сред мечот со Финска на
Европското првенство, а неговиот живот беше спасен со крајни напори.
Иако некои
првенства би му дозволиле да игра под такви услови, сепак Италијанците не
отстапуваат од своите правила по тоа прашање, па сосема е јасно дека за него
повеќе нема место во Серија А.
„Калчомеркато“
пишува дека токму Ван де Бек би бил наследникот на Ериксен во составот на „Нероаѕурите“,
откако 24 годишниот Холанѓанец не успеа да се наметне во Манчестер јунајтед по
трансферот вреден 39 милиони евра од Ајакс ланското лето.