Дојде крајот на рекордната серија на Италија, Шпанија гo освои Сан Сиро за финале (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Дојде крајот на
рекордната серија на Италија од 37 натпревари во низа без пораз, вечерва
актуелниот европски шампион загуби во пресметката со Шпанија во полуфиналето во
Лигата на нации.

Феран Торес со
два погодока ја предводеше „црвената фурија“ до славје на Сан Сиро од 1-2 и финале од новото натпреварување под капата на УЕФА.

Фудбалерот на
Манчестер Сити го отвори резултатот во 17. минута, одлично се снајде по една
нафрлена топка на Ојарзабал и го матираше Донарума за 0-1.

Во последните
секунди од првиот дел, Шпанија изведе одлична акција по која Феран Торес со
глава ја затресе мрежата за водство од 0-2.

Италија имаше
проблеми да се врати во игра во продолжението од мечот откако Леонардо Бонучи
доби црвен картон во 42. минута, но откако Шпанија не го реши дилемите и пропушти неколку убави шанси, Киеза
истрча контра и несебично го проигра Пелегрини за 1-2 во 83. минута.

Избраниците на
Луис Енрике сепак останаа смирени, ја имаа топката во свои нозе и не дозволија
„аѕурите“ да направат чудо“ во финишот од натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани