Повеќе нема дилеми, најтрофејниот европски тренер, Карло Анчелоти и официјално ќе го напушти Реал Мадрид по завршувањето на актуелната фудбалска сезона во Шпанија, соопштија од кралскиот клуб преку својата официјална веб-страница.
Како што се наведува во соопштението, двете страни постигнале договор со кој се потврдува крајот на соработката по сезоната без освоен трофеј, иако италијанскиот стратег имаше важечки договор со клубот до летото 2026 година.
Во објавата се потсетува на импресивниот список на трофеи што Анчелоти ги освои со Реал, со што се запиша како најуспешниот тренер во повеќе од вековната историја на „Сантијаго Бернабеу“.
Свој коментар даде и претседателот на клубот, Флорентино Перез, кој истакна дека Италијанецот секогаш ќе остане дел од „реалното“ семејство и дека клубот е горд што имал чест да го има Анчелоти на клупата.
Comunicado Oficial: Ancelotti#RealMadrid | #GraciasCarlo
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) May 23, 2025