193
Италијанската фудбалска легенда, освојувач на Златната топка, Паоло Роси синоќа беше кремиран, по церемониите приредени во негова чест на стадионот Ромео Менти во Виченца и Дуомо катедралата во истиот град.
Новинската агенција Анса јавува дека кога неговата сопруга се вратила дома по погребот, видела дека крадци влегле и ги ограбиле.
Полицијата направила записник, и истрагата е во тек.
Ова коло сите мечеви од Серија А и Серија Б започнуваат со минута молк во чест на Паоло Роси.