Додека се чека трансферот на Кејн од 150 милиони, Сити и Гвардиола купуваат двометраш од петта лига!?

by
1 минути читање

Хари Кејн е
главна трансфер цел на Манчестер Сити и Пеп Гвардиола ова лето, се шпекулира
дека „граѓаните“ се подготвени да платат 150 милиони евра доколку Тотнем
прифати да се раздели со својата прва ѕвезда до крајот на преодниот рок.

И додека се чека
расплетот на оваа трансфер сапуница, медиумите од Англија пренесуваат дека
„граѓаните“ го меркаат младиот Кајл Хадлин.  Се работи за 21 годишен играч кој настапува во
петта лига и со 206 сантиметри, важи за највисокиот професионален фудбалер на
„островото“ (доколку во предвид не се земат голманите).

Атлетик пишува
дека луѓето од Манчестер Сити анализирале видеа од Кајл Хадлин, им се допаднало
тоа што го виделе, па изминатиов викенд, шампионот на Англија испратил скаути од
прва рака да се уверат во квалитетот на Кајл Хадлин.

За Кајл Хадлин,
кој постигнал 9 погодока минатата сезона, интерес пројавуваат неколку клубови
од Чемпионшип, како Мидлзбро и Кардиф.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×