Додека Милан преговара за рекордна продажба на Рајндерс, пристигна понуда од Саудиска Арабија за Тео Ернандез

by bojan
1 минути читање
Рајндерс

Милан и Манчестер Сити ги финишираат преговорите за трансфер на Тиџани Рајндерс вреден околу 75 милиони евра, во меѓувреме Саудиска Арабија тропна на вратата на „росонерите“ со понуда за Тео Ернандез.

Милан ја одби првата понуда на Манчестер Сити за услугите на Тиџани Рајндерс вредна 60 милиони евра, па „граѓаните“ на маса ставија нов предлог и двата клуба сега ги пеглаат деталите.

Како што пренесуваат медиумите, се финишира трансфер од 75 милиони евра, што ќе биде најскапа продажба за клубот од Сан Сиро.

Во меѓувреме, Саудиска Арабија тропна на вратата на „росонерите“ со понуда за Тео Ернандез.

Раководството на Ал Хилал стапило во контакт со своите колеги од Милан и ги известиле за желбата да го ангажираат левиот бек.

Агентот на Тео Ернандез, Мануел Гарсија Килион попладнево пристигнал во канцелариите на „росонерите“ на разговори со спортскиот директор Игли Таре и неговите соработници.

Тео Ернандез има договор со Милан до јуни 2026, во моментов преговорите за продолжување на соработката тапкаат во место, па лесно може да се случи левиот бек да биде продаден летоска.

ФОТО: X/Milan

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани