167
Манчестер јунајтед ги завршува формалностите околу трансферот на Џејдон Санчо и наскоро тој треба да го потпише договорот.
Но, паралелно клубот го договара и ангажманот на Рафаел Варан од Реал Мадрид.

Според информациите на „ЕСПН“, и овој трансфер е блиску до реализација.
Варан има договор со Реал Мадрид на уште една година, кој нема да биде продолжен, па клубот мора да го продаде ова лето за да заработи од неговото заминување.
Се верува дека Јунајтед за овој трансфер ќе плати околу 50 милиони евра.