724
Серхио Рамос беше во аут од 17 ноември кога се повреди за време на меч со шпанската репрезентација.
Рамос е клучен играч за Реал Мадрид, кралскиот клуб загубил на седум од последните девет мечеви во Европа на кои не играл тој.
Се очекува на мечот во среда Рамос да го завземе своето место во срцето на дефанзивата, заедно со Рафаел Варан, а Начо Фернандез да се врати на клупата.
Рамос поради повредата ги пропушти мечевите од Примера против Виљареал, Алавес и Севиља, и дуелите од Лигата на шампионите со Интер и Шахтар Доњецк.
На овие пет меча Реал Мадрид ги победи Интер и Севиља, загуби од Алавес и Шахтар, а одигра нерешено против Виљареал.