433
Јувентус остана
без услугите на Федерико Киеза до крајот на сезоната, ова се лоши вести за
„старата дама“ и Италија, но се добри за Македонија во пресрет на баражот за
мундијалот во Катар во март месец.
Стравувањата по вчерашното дерби против Рома се
потврдија, денешните прегледи покажаа дека офанзивниот фудбалер ги оштетил
вкрстените лигаменти на коленото.
Федерико Киеза во
следните денови ќе биде опериран и ќе биде надвор од стројот најмалку шест
месеци.