1,3K
Поради високите плати кои им ги има дадено, Барселона мака мачи да се ослободи од играчите на кои не смета. Еден од таквите е и Кутињо.
Според весникот „Спорт“, Бразилецот конечно прифатил да биде продаден, сака да се пресели во важен тим каде ќе биде често на теренот и ќе се избори за повик во репрезентацијата на Бразил за Светското првенство.
Кутињо би сакал да се врати во Премиерлигата, интерес за него има од Тотнем, Арсенал и Њукасл.
Барселона се надева дека наскоро ќе пристигне понуда која ќе биде прифатлива за Бразилецот и со негова продажба ќе ослободи важен дел од средствата по што ќе може да ги регистрира новите засилувања, како што е Феран Торес.