71
Во финишот од вчерашниот меч против Тотнем, Адеми го напушти теренот поради повреда.
Тој не изгледаше воопшто добро, теренот го напушти со помош на лекарите на Динамо Загреб.
Се чекаа деталните прегледи за да се види за каква повреда станува збор, а тие донесоа добри вести.
Од таборот на Динамо Загреб соопштиле дека станува збор само за удар и моментална болка на Адеми, нема ништо посериозно.
Веројатно тој ќе биде дел од престојните квалификациски натпревари на Македонија за Светското првенство.