Доби две битки со ракот, ја победи депресијата и алкохолизмот и стана херој на Интер!

by riste
1 минути читање

Франческо Ачерби беше еден од хероите на Интер во вчерашната голема победа над Барселона, животот на 37-годишниот фудбалер е далеку од лесен, но импресивна е неговата борба која постојано ја води.

Кога сите мислеа дека Барселона ќе оди во финале, Ачерби даде гол во 93. минута и го однесе натпреварот во продолженија. Тоа беше негов прв погодок во Лигата на шампиони.

Многумина знаат низ сѐ што поминуваше дефанзивецот во досегашниот дел од животот, а некои и не слушнале за неговата приказна која е полна со предизвици.

„Пред десет години на Ачерби му беше дијагностициран рак на тестисите, тоа беше периодот додека играше за Сасуоло. Иако ракот беше елиминиран со операција, тој му се врати, за среќа фудбалерот и по вторпат ја победи оваа битка“.

„Претходно Ачерби имаше друга тешка епизода. Го загуби неговиот татко по што падна во депресија и почна да пие. Во една прилика изјави: „Почнав да пијам, пиев сѐ. Ракот ме спаси. Имав нешто против што требаше да се борам повторно, што требаше да го победам“, рече тогаш фудбалерот кој ги доби сите предизвици со кои се соочи“.

Откако се врати на теренот, Ачерби стана европски шампион со Италија, одигра повеќе големи партии за Интер, а најважната се случи вчера кога во 93. минута го спаси тимот од елиминација.

Ачерби има уште една голема битка во кариерата, таа ќе биде во Минхен, во финалето од Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани