Кејн изминато лето сакаше да си замине од Тотнем и да се пресели во Манчестер Сити, напаѓачот имаше замерки на раководството кое не покажуваше амбициозност.
Со доаѓањето на Конте работите се менуваат, покрај тоа што италијанскиот стратег важи за тренер-победник, од клубот му ветиле и сериозен буџет за засилувања.
Тоа звучи возбудливо кај најдобрите фудбалери на Тотнем кои сега се надеваат дека ќе дојдат денови кога и тие ќе можат да освојуваат трофеи.
Кејн веќе не размислува на заминување, неговата цел се менува, а таа е да остане со Конте и да се бори во дресот на Тотнем за титули.
Тој оваа сезона бледа сенка на изданијата кои ги имаше под водство на Мурињо, но можеби работите наскоро ќе се променат и Кејн повторно ќе блеска.