Се поизвесно е
дека Маурицио Сари ќе биде нов предводник на италијанскиот прволигаш Рома, од
каде нема позитивни сигнали дека ќе биде продолжен договорот на Пауло Фонсека,
кој истекува претстојното лето.
Во Италија
нагласуваат дека Рома во новата сезона ќе биде предводена од Сари, а неговиот
агент, Фали Рамадани наводно во понеделник треба да оствари средба со челниците
на „Римската волчица“ на која треба да се договорат сите детали.
Рома во моментов
се наоѓа на седмото место на табелата во Серија А со дури 11 бода заостанување
зад четвртопласираниот Јувентус, а веројатно е дека единствениот пат до место
во Лигата на шампионите за идната сезона води преку титула во Лига Европа, но
најпрво треба да ја поминат полуфиналната пречка во тоа натпреварување,
Манчестер јунајтед.