Директорот на Борусија Дортмунд со порака до Барса и Реал: Знаеме како работи Мино Рајола, Халанд останува

by
1 минути читање

Името на Ерлинг Халанд во последно време често е дел од трансфер шпекулациите, Норвежанецот се поврзува со Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Сити, Манчестер јунајтед и Челси.

Борусија Дортмунд сепак не размислува за продажба и ваквиот став уште еднаш го потврди генералниот извршен директор, Ханс Јоаким Вацке.

„Очекувам Ерлинг Халанд да игра за нас следната година, не сум загрижен за ништо“ – вели Вацке во разговор со Билд.

„Релаксиран сум. Никој не ни веруваше кога минатото лето велевме дека Џејдон Санчо ќе остане, а фудбалерот и ден денес е со нас“.

Агентот на напаѓачот, Мино Рајола минатиот месец беше во Шпанија на средба со Реал Мадрид и Барселона.

„Како прво, однапред не информираше за ова. Како второ, јасно е дека еден ден Ерлинг Халанд ќе замине, само тоа нема да се случи во блиска иднина. А и добро знаеме како работи Мино Рајола, дека овие патување се еден начи на самопромовирање“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани