Директорот на Башкими пред Вардар: Нека нема сомнеж, Башкими не прави пазар!

by 24 фудбал
1 минути читање

Директорот на Башкими, Бурак Хида, испрати јасна порака пред дуелот со лидерот Вардар, нагласувајќи дека неговиот тим ќе оди на победа без никакви пресметки.

Знаеме дека денес имаме многу тежок натпревар против лидерот на табелата, но ние сме помотивирани од кога било. Знаеме дека има многу сомнежи, но едно да знаете: Башкими не прави пазар. И ако некој се обидува за нешто друго, ние секогаш даваме 100% за себе на теренот. Денес ќе докажете кои сме ние. Коментари може да има колку сакате, но ние сме Башкими и ќе дадеме максимум. Денес во Гостивар ја очекуваме и поддршката од сите! Знаејќи што нè очекува, ние ќе дадеме сè што имаме, силата и гордоста на градот“.

Натпреварот ќе се игра во Гостивар на неутрален терен, поради инцидентите на претходниот меч со Струга, а почетокот е закажан за 16:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×