Дињ: Анчелоти ни рече да го поканиме доколку одиме на забава

by
1 минути читање

Карло Анчелоти се
врати на клупат на Реал Мадрид, а со тоа се стави под знак прашалник како ќе
функционира понатаму амбициозниот проект на Евертон, а еден од фудбалерите на „Карамелите“
кои имаат само позитивни коментари за Италијанецот е Лукас Дињ.

Тој е најдобриот
тактичар, многу добро ги анализира сите противници, ги чита одлично
натпреварите, а се обидува да се адаптира на сите фудбалери кои ги има на
располагање
“ вели Дињ во интервјуто за „Л
Екип“.

Анчелоти може да
го промени системот во текот на натпреварот, а тоа што е најважно, е фактот што
знае многу добро да комуницира со фудбалерите и да им ја пренесе добро идејата
која му е во план да ја реализира, неговите пораки се доста читливи за
фудбалерите
“ додаде Французинот.

Тој е многу
добра личност, а исто така и знае како да ги пренесе пораките низ шега, во
текот на пандемијата не сакаше да имаме забави, ни рече доколку одиме на
забава, да го поканиме за да внимава на нас
“ подвлече бекот на Евертон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×