Дини се попишмани, јавно ја критикуваше идејата за продолжување на сезоната, но се врати на тренинзите

by
1 минути читање

Капитенот на
Вотфорд, Трој Дини се врати на тренинзите на клубот за прв пат откако ја
избегна првата фаза од т.н. „Проект Рестарт“ со кој се предвидува продолжување
на актуелната сезона во Премиерлигата која е во застој поради пандемијата со
коронавирусот.

Напаѓачот
отсуствуваше од клупските обврски и покрај фактот што неговите соиграчи уште од
претходниот месец се вратија на тренинзите, а тој постојано јавно говореше за
ризиците под кои би работеле фудбалерите поради коронавирусот, меѓутоа и покрај
тие ставови, тој реши да се врати на тренинзите.

Дини претходно
јавно говореше за неговата загриженост околу т.н. „Проект Рестарт“, кој
медиумите на Островот многу пати го нарекуваа и „Проект Саботажа“, од причина што
многумина го оспоруваа, меѓутоа има и една доста дискутабилна тема околу тоа
прашање, а тоа е фактот што фудбалерите во Премиерлигата беа против кратењето
плати поради кризата, а од друга страна и јавно говореа против продолжување на
сезоната.

Дини не сакаше да
ризикува најмногу поради неговиот пет месечен син, кој имаше проблеми со
дишењето, а 31 годишниот напаѓач пред еден месец јавно посочи дека тој и
неговото семејство биле на мета на напади поради неговите коментари околу
враќањето на фудбалските возбудувања на Островот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани