Динамо Загреб загуби во Виена, Црвена звезда со бод се враќа од Данска

by
0 минути читање

Во третото коло од Лига Европа, Динамо Загреб го доживеа вториот пораз откако денеска загугби кај Рапид Виена.

Домаќините поведоа со гол на Грул во 9. минута, Оршиќ изедначи во 24. минута, но десет минути подоцна Хофман донесе триумф за Рапид. 

Стефан Ристовки беше стартер на мечот и настапи до 78. минута кога беше изваден од игра.

Црвена звезда по двете победи во првите две кола, одигра нерешено на гостувањето кај Митјиланд, 1-1.

Иваниќ во 58. минута донесе водство за Црвена звезда, изедначи Дир во 78. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани