Динамо Загреб со „петарда“ за Славен Белупо ја потврди кандидатурата за нова титула!

by 24 фудбал
1 минути читање

Динамо Загреб со убедливо издание на „Максимир“ му возврати на предизвикот од Ријека и со триумф од 5-0 над Славен Белупо остана во мртва трка за титулата во ХНЛ.

„Модрите“ вечерва не дозволија изненадување и рутински стигнаа до три бода со кои повторно се на само еден бод зад лидерот, две кола пред крајот на првенството. Хајдук сè уште теоретски е во игра, но за Сплиќани би било потребно вистинско чудо за да се најдат на врвот – утре мора да ја победат Горица за да останат во комбинација.

Стојковиќ го отвори резултатот во 18. минута, а до паузата токму тој и Кулановиќ веќе донесоа убедливо водство од 3-0. Во вториот дел, Сучиќ и Рог ги заокружија петте погодоци на Динамо.

Илија Несторовски овојпат остана без минута, целиот меч го мина на клупата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани