Динамо сака да купи бек од девет милиони евра!

by 24 фудбал
1 минути читање

Суфијан Ел Каруани летово сака да си замине од Утрехт, а меѓу заинтересираните клубови за неговите услуги е и Динамо Загреб, објави Africafoot. Мароканскиот репрезентативец има одлична сезона зад себе во Ередивизие, иако договорот со холандскиот клуб му трае до летото 2025.

Ел Каруани беше стандарден на левата бековска позиција – ги одигра сите 34 натпревари во првенството, постигна два гола и запиша осум асистенции. Заради константно добрите партии, влезе во идеалниот тим на сезоната во Ередивизие и заврши втор во изборот за најдобар играч на Утрехт според навивачите.

Transfermarkt ја проценува неговата вредност на 9 милиони евра, но бидејќи влегува во последната година од договорот, постои можност заинтересираните клубови да го добијат за пониска сума.

Покрај Динамо, интерес покажале и ПСВ, Олимпик Марсеј, Болоња, како и два неименувани клуба од Шпанија. Ел Каруани пристигна во Утрехт како слободен играч од НЕК Најмеген летото 2023 и досега има одиграно 69 натпревари за клубот, како и три настапи за Мароко.

Динамо одамна бара квалитетно решение на лев бек, а Ел Каруани би бил едно од најзвучните засилувања на таа позиција во последниве години. Сепак, останува дилемата дали хрватскиот шампион ќе може да издржи финансиски во трката со клубовите од најсилните лиги.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани