Димитриевски сепак е негативен на ковид-19

by
1 минути читање

Македонија вечерва против Естонија настапува без стандардниот голман Столе Димитриевски затоа што неговиот тест за ковид-19 беше „претпоставено позитивен“.

Таква беше ситуацијата со уште двајца членови на македонската експедиција во Талин, па сите тројца мораа да одат во изолација.

ФФМ побара уште едно тестирање со цел точно да се утврди дали тројцата се позитивни. Повторените тестови покажале дека се негативни.

Тоа значи дека Македонија вечерва за бадијала не игра со Столе Димитриевски на голот.

Голманот веќе имаше прележано коронавирус, па можеби високото ниво на антитела во претходното тестирање да е причина што тестот се покажал „претпоставено позитивен“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани