Димитриевски: Нас никогаш не би ни досудиле таков пенал!

by riste
1 минути читање

Македонскиот голман, Столе Димитриевски, жали за поразот од Шкотска и начинот на кој го загубивме мечот.

Судијата гледаше ВАР снимка и одлучи дека Димитриевски направил прекршок за пенал. Беше досудена најстрога казна за Шкотска која ја реализираше Мегин за победа од 2-1.

„Бевме компактни и добро ги одигравме првите десетина минути. Потоа имавме неколку ситуации во кои исто така одигравме добро и го искористивме она што го подготвувавме на тренинзите. Во второто полувреме добро дојде голот кој долго време го баравме“, изјави Димитриевски.

Голманот се осврна и на спорната ситуација по која беше досуден пенал за противникот, оценувајќи дека одлуката можела да биде донесена и во спротивна насока.

„Пеналот беше ситуација 50-50. Едноставно ја собрав топката, а ногата ми беше таму. Не можам да исчезнам. За жал, во ваквите ситуации одлуките секогаш одат во корист на другата страна, а ние никогаш не би добиле таков пенал. Сега ни следува натпреварот со Словенија и одиме да покажеме дека можеме да се надигруваме со секого“, порача Димитриевски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×