Димитриевски му одговори на Лопетеги: Доста се жалите и плачете, ова не е пазар!

by
1 минути читање

По четири меча на
клупата, Столе Димитриевски изминатиов викенд се врати во стартниот состав на
Рајо и помогна да биде освоен бод во дуелот со Севиља.

По крајот на
натпреварот, гостинскиот тренер Хулен Лопетеги се пожали од судиите и изјави
дека биле оштетени. Тој имаше замарки за двата контроверзни моменти кога со
помош на ВАР беше поништен голот на Рафа Мир во првото полувреме, а потоа видео
технологијата во вториот дел ја преиначи одлуката на главниот судија за пенал
во корист на Севиља.

На ваквите напади
одговори Столе Димитриевски, Македонецот побара судиите да бидат оставени на
мира.

„Сите се жалат од
судењето и сите го прават тоа со цел да добијат нешто следниот викенд. Затоа
сите се жалат и плачат. И јас понекогаш не го разбирам критериумот на судиите,
но ова се случува секаде. И треба да разбереме дека и нивната работа е тешка и
треба да имаме малку почит. Судиите се само луѓе, можат да погрешат и треба да
ги оставиме да работат“
– вели македонскиот репрезентативец.

„Да судите меч е
навистина тешко, но не мора баш да се жалите на секоја одлука. Противникот вели
дека имале голем влог, но и ние имаме голем влог. И ако сите почнеме да се жалиме,
ова ќе стане пазар“.

„Играме во
најсилното првенство во светот, судиите ќе треба да се подобрат, но и ние треба
да го направиме истото“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×