Заедно со Роберт Стојановски кој ќе го менува селекторот Милевски во утрешниот натпревар со Казахстан на денешната прес-конференција присуствуваше Столе Димитриевски.
Димитриевски го истакна долгиот пат кој морала да го помине Македонија по ннатпреварот во Сккопје, а за Казахстан вели дека е репрезентација која знае да креира.
„Секој натпревар е посебен, знаеме дека утре нема да биде лесно. Против Белгија беше тешко, но според мене заслуживме повеќе. Имавме долг пати не знам колку енергија ќе имаме, но секако дека ќе излеземе на терен да победиме. Направивме анализи и од нив видовме дека се екипа која гради акции од последната линија, тука мора да сме максимално внимателни. Знаат да креираат и доаѓаат во прилики „еден на еден“, ние ќе бидеме подготвени на тоа.
Време за репрезентативците нема премногу.
Белгија е завршена приказна од кога влегов во соблекувалната по тој натпревар. Немаме многу време и секогаш мораме брзо да се адаптираме и подготвуваме. Дисциплината секогаш е важна и само така би можеле да одиграме добар натпревар“, истакна Димитриевски.
Македонија ја делат само два дена да биде цела година без пораз, последниот го забележавме на 10 јуни против Чешка во пријателски натпревар.
„Фан сум на статистиката, ако имате добра статистика, значи дека добро сте работеле. За мене да се биде непоразен една година е фантастично нешто“, порача Димитриевсски.
Терминот за натпреварот против Казахстан е 16:00 часот.