Димитриевски играч на мечот – клучна победа за Валенсија во Билбао! (ВИДЕО)

by riste
0 минути читање

Валенсија со 1-0 победи на гостувањето кај Атлетик Билбао, ова се големи три бода за нив во борбата за опстанок, нашиот Столе Димитриевски беше играч на натпреварот.

Единствениот гол на мечот го постигна Садик со глава во 72. минута. Претходно, во првиот дел Валенсија промаши и пенал.

Столе Димитриевски правеше чуда на својот гол, одбрани неколку тешки удари, а на крајот беше најдобро оценет фудбалер на теренот.

На три кола пред крајот Валенсија се качи на 12. место со пет бода повеќе од опасната зона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×