Се уште не престануваат реакциите по сензационалната победа на Македонија над Германија во Дуисбург, Димитриевски открива дека противникот не им подал рака по мечот.
„По голот на Пандев тие мислеа дека ќе победат бидејќи се Германија. Мислам дека не не сфатија сериозно. Особено медиумите. Изедначија од пенал, а судијата нив им опрости пенал кој го направи Емре Џан. Но потоа даде гол Елмас и тоа беше фатално за нив. Не ни ја честитаа победата, за мене тоа не е исправно“, вели Димитриевски.
„Кога судиијата отсвире крај тоа беше лудило, неверојатно. Не можевме да веруваме. Резултатот не изгледаше реално. Тоа беше наш момент, најголема победа на нашата репрезентација“.
„На европското првенство ќе бидеме нагазна мина, сигурен сум“.