115
Фудбалската федерација на Македонија претходно потврди дека тројца членови на селекцијата добиле „претпоставено позитивен тест“ за ковид -19, а еден од нив е фудбалер.
Неофицијално се разботи за голманот Столе Димитриевски кој поради тоа нема да биде во комбинација за денешниот меч со Естонија.
Интересно, Столе Димитриевски пред еден месец прележа коронавирус, тогаш тестот му беше позитивен при тестирање во неговиот клуб Рајо Ваљекано.
Пред натпреварот со Косово тој беше негативен на ковид-19.
Од ФФМ побарале Димитриевски уште еднаш да биде тестиран, но тоа е процедура за која е потребно време, а дотогаш тој ќе мора да биде во изолација.