Првпат по 20 години Рајо Ваљекано ја победува Барселона и тоа благодарение на нашиот Столе Димитриевски кој одбрани пенал.
Првиот шок за Барселона се случи во 30. минута кога Радамел Фалкао постигна гол за водство на Рајо Ваљекано од 1-0.
Барселона не создаваше многу шанси, Рајо одлично играше, но каталонците добија шанса од пенал да се вратат во игра. Во 72. минута Депај шутираше од белата точка, Димитриевски го одбрани неговиот шут и го сочува водството на Рајо.
MEMPHIS DEPAY MISSED THE PENALTY!
72′ Rayo Vallecano 1-0 Barcelona #Depay #RayoBarçapic.twitter.com/MMqVsbhmOs
— Ronald Morgan (@ronaldmorgan_) October 27, 2021
Барселона се трудеше до крајот да се спаси од пораз но не успеа, резултатот остана 1-0.
Овој пораз дополнително го зголемеува притисокот врз Куман, дури може за него ова да биде и последен меч на клупата на Барселона.