Мечот меѓу Кадиз и Валенсија кој го добија домаќините со 2-1, беше во сенка на расизмот кој што го предизвика домашниот фудбалер Кала.
По инцидентот фудбалерите на Валенсија се повлекоа во соблекувалната, но по извесно време излегоа на теренот.
Хозе Гаја откри дека им се заканувале со губење на бодовите доколку не го доиграат мечот, а и самиот Диакаби ги замолил да продолжат, сепак тој остана во соблекувалната, а тренерот Гарсија ја откри неговата состојба.
„Веднаш дознав што му рекоа, никогаш не би дозволил играчите да се вратат на теренот. Тоа беше ужасно. Се надевам дека Кадиз ќе го казни својот фудбалер. Не би сакал да ги повторувам тие зборови, но мојот фудбалер е во ужасна состојба. Психички е скршен и плаче Можете да замислите колку тешки биле тие зборови“, вели тренерот Гарсија.
Scène très étonnante et match arrêté à Cadix
En pleine action, l’ancien Lyonnais Mouctar Diakhaby a coupé toute volonté de jeu pour aller régler des comptes avec un adversaire qui venait de lui parler. pic.twitter.com/G0i5F80LFB
— InfoMax (@InfoAuMax1) April 4, 2021