Дијаш прогласен за играч на сезоната во Премиерлигата, „ограбен“ ли е Кејн?

by
1 минути читање

24 годишниот
стопер на новиот англиски првак Манчестер Сити, Рубен Дијаш е прогласен за
играч на сезоната во Премиерлигата, а Португалецот претходно истото признание го доби и во изборот на Здружението на фудбалски новинари.

Дијаш импресионираше
во дресот на „Граѓаните“ изминатата сезона по трансферот од Бенфика вреден 61
милион фунти, а запиша 32 меча во Премиерлигата, на кои постигна и еден гол, а
на 15 меча од истите „Граѓаните“ ја сочуваа мрежата од својот гол.

По Диаш, во
изборот завршија неговиот соиграч Кевин Де Брујне, односно напаѓачот на Тотнем,
Хари Кејн, а токму за последниот настана голема полемика на Островот.

Многумина сметаат
дека Кејн практично е „ограбен“ во оваа ситуација, а постојано се наведува
неговата фантастична статистика од 23 гола и 14 асистенции на 35 настапи
изминатата сезона, односно фактот што и во поглед на головите, но и
асистенциите беше број еден во Премиерлигата. 

Инаку, за тренер на сезоната во Премиерлигата е прогласен предводникот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола, а од истата екипа, Фил Фоден го освои признанието за најдобар млад играч.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×