Диего Коста си заминува од Атлетико Мадрид, информациите од Шпанија велат дека тој престанал и да тренира со тимот, неговиот договор ќе биде раскинат шест месеци пред истекот.
Иако има понуди од Кина и Бразил, се верува дека Диего Коста сака да остане во Европа и верува дека може да одигра уште најмалку две-три сезон на највисоко ниво.
Атлетико Мадрид не сака да го пушти Диего Коста во клуб кој им е ривал, а тоа му одговара на Арсенал кој пројавува сериозен интерес за напаѓачот.
Тимот на Артета имаше сериозни проблеми со реализацијата, па во Диего Коста се гледа решението.
Бразилецот добро го познава Лондон, тој три сезони играше за Челси за кои постигна 58 голови на 120 натпревари.
Се верува дека Диего Коста има повеќе опции за нов клуб, останува негово да одбере која е најдобрата.