Диего Коста се враќа на европско тло, следна дестинација е Серија А?

by
1 минути читање

Во Италија
наведуваат дека Салернитана го убедила ветеранот Диего Коста да им се приклучи
за до крајот на актуелната сезона, со тоа што напаѓачот е слободен играч на
трансфер пазарот.

33 годишниот
Коста инаку се поврзуваше и со Њукасл, меѓутоа се верува дека веќе ги договорил
личните услови со Салернитана, па така во најава е двоец во нападот предводен
од Франк Рибери и Диего Коста.

Поранешниот
шпански репрезентативец имаше и повеќе од успешна сезона со Атлетико Минеиро,
клуб со кој ја освои титулата во Бразил.

Салернитана во
моментов е последна на табелата во Серија А по 22 одиграни меча, на оваа екипа
и претстои грчевита битка за опстанок во елитната италијанска фудбалска
дивизија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×