Дибала ќе добие нов договор од Јувентус

by
1 минути читање

Според
информациите кои пристигнуваат од Италија, се вели дека Јувентус во
претстојните неколку денови ќе има клучни преговори со својот фудбалер Пауло
Дибала околу можноста да се постигне договор за продолжување на соработката со
Аргентинецот.

„Газета дело
Спорт“ извести дека средбата не е закажана, меѓутоа големи се очекувањата
истата да се случи оваа седмица, со тоа што агентот на Дибала се подготвува за
неговата четврта средба со претставниците на клубот.

По продажбата на
Роналдо, „Старата дама“ посакува да го реши прашањето со иднината на 27
годишниот Дибала чиј актуелен договор истекува идното лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани