Дибала го објасни својот потег, но дали некој ќе му поверува?

by
1 минути читање

Пауло Дибала го навлече вниманието откако наместо да го прослави голот против Удинезе, реши да испрати лут поглед кон трибините.

Многумина веруваат дека ова е порака до директорите на Јувентус, по најавите дека „старата дама“ сака да ги промени условите за новата соработка и големиот број на гласини за неговата иднина.

По крајот на мечот, новинарот го праша Пауло Дибала што сакал да порача, а фудбалерот одговори: „Поканив пријател на натпреварот и не можев да го видам. Имаше многу навивачи на трибините, и не можев да го најдам“.

Поради новите протоколи и пандемијата на ковид-19, вечерва на трибините имаше само 5.000 навивачи.

Запрашан дали трбеа да му веруваме, тој додаде: „Не знам, зависи од вас“.

За новиот договор, тој рече: „Кружат многу гласини, многу работи се случија, јас преферирам да не ги коментирам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×