Дибала би можел да биде „жртвено јагне“ во Јувентус доколку тимот не се избори за ЛШ

by
1 минути читање

Во Италија
пишуваат дека во случај актуелниот бранител на титулата во Серија А, Јувентус
да не се избори за место во Лигата на шампионите за идната сезона, тоа ќе
донесе големи проблеми во тимот.

Јувентус е на
делба на третата позиција на табелата заедно со Наполи и Милан со по 66 бода на
пет кола до крајот на сезоната, а не е далеку ниту Лацио кој заостанува само
четири бода, а има меч помалку од наведеното трио клубови.

„Кориере дело
Спорт“ пишува дека во случај „Старата дама“ да не успее да се избори за место
во Лигата на шампионите за идната сезона, во едно такво сценарио би го ставила
27 годишниот Пауло Дибала на трансфер листа за продажба уште во летниот преоден
рок.

Аргентинецот со
тоа би бил искористен за да се пополнат одредени финансиски дупки кои би се
појавиле при евентуално изоставување од елитното европско клупско
натпреварување.

Дибала се
приклучи на Јувентус во 2015 година по трансферот од Палермо, оваа сезона
одигра само 16 меча во Серија А, а неговиот актуелен договор истекува идната
година на лето, Јувентус не успеа да постигне договор за продолжување на
соработката со фудбалерот, а на лето би бил присилен да го продаде за да не
остане без никакво обештетување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани