Ди Марија последен се смееше на Олд Трафорд

by
1 минути читање

Ди Марија имаше неуспешна авантура во Манчестер јунајтед, но синоќа не беше исвиркуван затоа што во минатото го носеше дресот на црвените ѓаволи, туку поради неговата непријателска изјава пред мечот.

Аргентинецот му се заблагодари на Бога што на време го напуштил Манчестер јунајтед, а поради тоа синоќа добиваше свирежи кога и да ја допреше топката.

Но свирежите како да го мотивираа, Ди Марија одигра одличен меч и на крајот тој ја доби битката со фановите на Манчестер јунајтед.

Благодарение на две негови асистенции, ПСЖ победи со 2-0 и се наоѓа пред пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Во текот на мечот Аргентинецот доби еден бодичек од Ешли Јанг, беше исфрлен во оградата и малку фалеше да заработи потешка повреда.

Доби и едно пиво од фановите на Јунајтед кое го искористи за дополнително да ги испровоцира, на крајот упати и некоја пцовка до нив и си замина среќен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани