ПСЖ обезбеди
место во полуфиналето од Лигата на шампионите сезонава откако го елиминираше
актуелниот бранител на европскиот трофеј, Баерн Минхен.
Девојката на
Марко Верати од ПСЖ, Џесика Аиди го истрола фудбалерот на Баерн Минхен, Томас
Милер на социјалните мрежи по прогресот на францускиот првак.
ПСЖ славеше во
првиот меч во Минхен со 2-3, па така поради повеќе голови на гости прогресираше
во следната фаза иако на реваншот загуби минимално со 0-1.
Откако Баерн
Минхен го доби ПСЖ за противник во четвртфиналето, Милер на социјалните мрежи
објави видео на кое однапред го „елиминираше“ францускиот првак обраќајки му се
со зборовите на француски „Au revoir.“ , што во превод значи
збогум.
„Извини, не толку
извини“ напиша девојката на Верати на саркастичен начин „адресирајќи“ ја пораката токму кон Милер,
по што на крајот заврши со пораката „Au Revoir.“, во иста мера секако.
