1,1K
Поранешниот тренер на Милан кој сега го води Лион, Пауло Фонсека доби суспензија од дури девет месеци поради расправија со судијата.
На меч од француското првенство Фонсека влезе во жестока расправија со судијата, имаше и физички контакт кога се допре главо со глава со делителот на правдата. Доби црвен картон.
А, сега му е одредена суспензија од дури девет месеци.
До 15. септември нема да може да биде во соблекувалната пред и по натпреварите.
А на клупата нема да може да биде дури до 30 ноември.
Останува да се види каква ќе биде реакцијата на Лион, дали ќе го чува тренерот или ќе му даде отказ.