Кристијано
Роналдо е во фокусот на британската јавност откако направи инцидент по крајот
на натпреварот помеѓу Евертон и Манчестер јунајтед, и од земја лупна телефон на
навивач на „карамелите“.
Подоцна беше објавено
дека се работи за 14 годишно дете со аутизам, кои заработило и модринка на
раката.
Кристијано
Роналдо се извини за немилиот настан и го покани детето да биде гостин на Олд
Трафорд, но поканата е одбиена.
„Манчестер
јунајтед катастрофално реагираше, да бидам искрена, само ја направија полоша
ситуацијата“ – вели мајката на детето.
„Што се однесува
до поканата од Роналдо, како што јас гледам на работите, тоа е како некој да ве
нападне на улица и потоа да ве покани на вечера. Зошто да го сториме тоа, само
поради тоа што тој е Кристијано Роналдо? Испаѓа како да треба да му направиме
услуга“.
„Ја одбивме
понудата да одиме на Олд Трафорд бидејќи мојот син не сака да оди таму и не
сака да го види Роналдо. Тоа се негови зборови, не се мои. На крајот од денот,
сето ова е за него. Тој повеќе е
потресен од мене, па затоа оставив тој да одлучи и тој не сака да оди на
натпревар на Манчестер јунајтед, ниту пак сака да го види Роналдо“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.