Дете кое додава топки намерно удри играч на Рома, но имаше и зошто (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Рома синоќа со 2-1 победи на гостувањето кај Ајакс и направи крупен чекор кон пласман во полуфиналето од Лига Европа.

Во финишот се случи еден интересен момент, кога дете што собира топки на Ајакс, наместо да му ја додаде топката на играчот на Рома, Калафиори, тој со сета своја сила ја фрли кон него и го удри.

Од првото видео можеби ќе се заклучи дека детето кое фрла топки е виновно за инцидентот. Но се појави и друго видео од кое се гледа дека играчот на Рома веќе имаше топка во своите раце, но со цел да задржи време, ја фрли таа топка и отиде да земе друга. Си го бараше, и ударот кој го доби и жолтиот картон од судијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани