Пласманот на Франција во полуфиналето не донесе само уште една шанса за светската титула, туку и нов рекорд за селекторот Дидие Дешам.
Со триумфот против Мароко, искусниот стратег стигна до 20 победи на Светските првенства и стана тренерот со најмногу победи во историјата на мундијалите. Така го надмина Хелмут Шен, кој долго време го држеше рекордот со 16 триумфи.
По мечот, Дешам не го криеше задоволството од пласманот меѓу четирите најдобри, но потенцираше дека работата сè уште не е завршена.
„Натпреварот беше тежок. Утнавме пенал, пропуштивме неколку шанси. Таму сме каде што сакавме да бидеме. Мислам дека во Франција во моментов има многу возбуда и страст. Играчите имаат одговорност да направат сè што можат за да стигнат што е можно подалеку. Надминавме голема пречка“, изјави францускиот селектор.
Дешам веќе 14 години ја води Франција и во тој период освои една светска титула, а двапати играше во финале. Сега има можност повторно да ја одведе својата селекција во завршниот меч и дополнително да ја зацврсти својата позиција меѓу најуспешните селектори во историјата на фудбалот.